Камерон од европските лидери бара согласност за реформи во ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ги повика европските лидери да се согласат за покренување реформи во Европската Унија.

Пред да замине за Брисел на неформалниот состаник на претседателите и премиерите на земјите-чланки на ЕУ, посветен на изборите за Европскиот Парламент, Камерон изјави дека сега мора да се слушне гласот на гласачите во сите земји.

– Работите не може да продолжат како ништо да не се случило„ рече во Лондон британскиот премиер.

Камерон и неговата Конзервативна партија претрпеа пораз на евроизборите во Велика Британија, останувајќи дури на третото позиција зад победничкката евроскептична Партија на независноста на Обединетото Кралство (УКИП) и лабуристите.

Првпат по 100 години на едни избори во Велика Британија што се одржуваа на целата територија на земјата, не победија ториевците или лабуристите, туку една маргинална партија каква што е УКИП, која нема под своја контрола ниту една општина во земјата, ниту пак има свој пратеник во британскиот Парламент.

Агитирајќи за излез на Велика Британија од ЕУ и против имигрантите од земјите-членки на Унијата, кои ги обвинува ги дека им ја земаат работата на Британците и ги трошат парите на британскиот буџет за социјални потреби, УКИП успеа да ја добие подршката на 27,4 отсто од гласачите и да освои 24 места во Парламентот во Стразбур.

Премиерот Камерон на почетокот од минатата година најави референдум за излегување на земјата во ЕУ до крајот на 2017 година, доколку на парламентарните избори во мај следната година неговата партија извојува победа и сама формира влада. Доколку не може да организира референдум, Камерон рече дека ќе поднесе оставка дури и да остане премиер.

Тој и неговите ториевци бараат нови британско-европски преговори околу статусот на Велика Британија во ЕУ и враќање на добар дел од овластувањата што сега му се префрлени на Брисел.

Опозиционите лабурусти се против референдум за напуштање на ЕУ, а против се и либералдемократите кои сега се дел од владината коалиција.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство