Камерон обвинет за „неспособност“ околу кризите во Либија, Ирак и Сирија

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон се обвинува за „неспособност и некомпетентност“ во справувањето со кризите во Либија, Ирак и Сирија, од негови поранешни соработници и сопартијци, како и од Белата куќа во Вашингтон, пишува денешен „Дејли мејл“ во второто продолжување од биографската книга „Викај ме Дејв“ на поранешниот донатор на тороевците, лорд Ешкрофт.

Поранешниот началник на британскиот Генералштаб, генералот Дејвид Ричардс во книгата го критикува премиерот Камерон дека се мешал во работи околу воената стратегија и дека иако целосно нестручен за тоа самиот одлучувал за „една комплексна воена операција“.

Некогашниот заменик министер за одбрана, ториевецот Николас Соамс кој е внук на британскиот премиер од време на Втората светска војна, Винстон Черчил, дека со своето мешање во воените работи, ја „соголил„ кралската морнарица до самото дно, додека Мајкл Анкрам, конзервативен пратеник и едно време претседавач на Конзервативмата партија, во книгата остро му замера на актуелниот премиер за насилното соборување на либискиот лидер Моамер Гадафи.

„Либиската интервенција претставува Ирак за Камерон, кога тој се одлучи да се тргне од власт Гадафи“, вели Анкрам, во книгата на лорд Ешкрофт, укажувајќи на сегашните состојби во Либија.

Во книгата, чии делови се појавуваат во продолженија во проториевскиот „Дејли мејл“, се открива и големото незадоволство на официјален Вашингтон, поради неуспехот на Камерон да извојува поддршка во Парламентот во Лондон, за учеството на Британија и нејзината армија во интервенција против сирискиот претседател Башар ал Асад.

Во првото продолжение од книгата, се откри дека Камерон, како млад и студент во Оксфорд, во 80-те години на 20 век, земал дрога и учествувал во еден обскурен студентски ритуал, како воведна церемонија за новите студенти, со „принесување жртва, една заклана свиња и нејзината глава што ја носел сегашниот британски премиер.

Авторот на книгата открива и дека не само тој, туку и неговиот брат, биле блиски со поранешнот директор на новинската компанија „Њуз интернешенел“ Ребека Брукс, пред тоа, главен уредник на „Сан“ и на згаснатиот неделник „Њуз оф д ворлд“ на која и се судеше за аферата со прислушувањето. Во книгата сега се гледа не само дека премиерот бил близок со Брукс, туку дека неговиот брат одел на летување со некогаш „првата дама“ на британското новинарство.

Премиерот и неговиот кабинет во Даунинг стрит 10, засега, молчат и одбиваат било каков коментар за книгата и за обвинувањата, но сите британски весници, денеска на првата страница објавуваат детали од биографијата за Камерон, што ја напиша лордот Ешкрофт.

Протоериевските весници се едногласни дека станува збор за одмазнички гест на Ешкрофт кој како богат донатор очекуваше да добие функција во првата влада на Камерон, по изборите во 2010 година. Сега се открива и за „војната“ што Камерон ја имал со генералот Ричардс за британската воена стратегија, но сите се согласуваат дека книгата на одмазничкиот лорд Ешкрофт претставува „понижување и осрамотување“ за Камерон кој доколку не обезбедеше победа на изборите во мај година, ќе се соочеше со гласање за доверба.

Пролабуристичките „Гардијан“ и „Дејли мирор“ бараат повеќе од сожалување за премиерот и инсистираат да се утврди колку навистина знаел Камерон за даночниот статус што го имаше Ешкрофт, кој едно време беше задолжен во Конзервативната партија за прибирање донации и парични прилози.

Ешкрофт беше тргант од сите функции во ториевските редови, кога се откри дека еден од главните донатори на парѕијата, на која и има дадено осум милиони фунти, не плаќа данок во Велика Британија, обезбедувајќи си себе си статус на нерезидентен даночен обврзник.

Лабуристите и тогаш бараа истрага за тоа дали Камерон знаел за тоа, но тој ги отфрлаше таквите обвинувања. Во својата книга, лорд Ешкрофт остава простор дека лидерот на партијата и премиер знаел за даночниот статус на богатиот донатор.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство