Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска дека е „незамисливо“ Велика Британија да покрене воена акција против Сирија за да казни и спречи употреба на хемиско оружје доколку постои силно противење за тоа во Советот за безбедност на на ОН.
– Незамисливо е да се преземе такво нешто ако постои силно противење во СБ на Обединетите нации, изјави Камерон во Парламентот.
Тој рече дека е уверен оти сирискиот режим стои зад нападот со хемиско оружје, но призна дека нема 100-отстотна сигурност за тоа.