Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска изјави дека нема да му се извини на Доналд Трамп затоа што неговиот предлог за забрана за муслиманите да влегуваат на територијата на САД го нарекол „глупав и погрешен“.
– Нема да го сменам ставот. Јасно кажав дека таквата политичка идеја беше погрешна, се уште е погрешна и ќе биде погрешна, истакна Камерон.
Но, тој му честита на Трамп кој неделава ја обезбеди номинацијата на Републиканската партија откако од натпреварот се повлекоа двата негови ривали Тед Круз и Џон Кејсик.