Камерон најави удари врз „главата на змијата„ на џихадистите на ИД

Од:

 Британскиот премиер Дејвид Камарон изјави денеска дека е дојдено време за да се удри со сета сила по „главата на змијата“ на џихадистите од групата Исламска држава (ИД) во Сирија и во Ирак.

Тој зборуваше пред пратениците во Парламентот во Лондон, забележувајќи дека по терористичките напади во петокот во Париз, веќе е сосема јасна потребата да се нападнат припадниците на ИД на нивниот терен.

Во обраќањето Камерон вети „сеопфатна стратегија“ за пресметка со екстремизот на Исламска држава, во што влегуваат и воздушните напади врз нејзините позиции во реонот на Рака, во Сирија.

– Сите сознанија потврдуваат дека во Рака, каде се наоѓа штабот на ИД, се планираат операциите на оваа група, што значи дека овој сириски град е „главата на змијата“ на џихадистите, рече Камерон.

Британскиот премиер смета дека бомбардирањето на позициите на ИД е „вистинската работа што треба сега да ја направи Британија“.

Во 2013 година, тогашниот состав на Парламентот не го одобри барањето на владата за бомбардирање на Сирија, додека во минатата година се согласи британски авиони да учествуваат во воздушните напади на меѓународната коалиција, врз позициите на ИД во Ирак.
Досега се извршени преку 350 вакви операции, но Камерон одлучи да не го користи ова одобрување на пратениците и за нападите врз сириската територија, без разлика што прифаќа дека џихадистите и терористите на ИД не ја прифаќаат границата меѓу Сирија и Ирак.
Тој сега навести дека ќе изготви нови, дополнителни аргументи за да се уверат пратениците за потребата од британско учество во нападите против ИД во Сирија, но засега нема навестување кога би можело да има ново гласање за бомбардирања на сириската територија.
Она што Британија ќе продолжи да го прави е да им помага на сојузниците (САД,Франција, Јордан и Обединетите Арапски Емирати) во нивните воздушни напади, со разузнавачки податоци, со контрола на комуникацијата и со гориво за сојузничките авиони.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство