Камерон му честита на Јункер за номинацијата и изрази подготвеност за заедничка работа

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и идниот претседател на Европската комисија Жан-Клод Јункер сакаат да работат заедно на подобрувањето на конкурентноста во Европската унија, изјави вчера портпаролот на Камерон, цитиран од француските медиуми.

-Премиерот го поздрави ангажманот на Јункер да се најде решение за политичките стравувања на Обединетото кралство, посочи портпаролот во коминике.

Камерон му телефонирал на Јункер за да му честита за неговото номинирање на чело на Европската комисија и покрај тоа што водеше жестока кампања за спречување на неговото доаѓање на функцијата, посочуваат француските медиуми.

Истражување на јавното мнение објавено вчера во „Мејл одн санди“, покажува дека по номинирањето на Јункер се зголемил делот од Британците кои се за напуштање на Европската унија, пренесоа британски медиуми. Од анкетираните 1.000 лица, 47 отсто одговориле дека на евентуален референдум би гласале за тоа Велика Британија да ја напушти ЕУ, а 39 отсто да остане. За споредба, претходно овој месец, според анкета на YouGov, 44 отсто беа за останување на Велика Британија во ЕУ и само 36 отсто за напуштање.

Би можело да ве интересира

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Земјите членки на ЕУ ќе мора да ги проверуваат инвестициите надвор од еврозоната

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин