Велика Британија ќе го искористи претседателствувањето на групата осум најбогати земји во светот за да воведе мерки со кои ќе се намалат заканите од тероризмот, изјави Камерон.
Британскиот премиер Дејвид Камерон особено се осврна на заложничката криза во Алжир и ситуацијата во Мали.
Камерон нагласи дека “сегашната” закана од Ал Каеда и другите џихадистички групи во Северна Африка “бараат итна реакција.”
“Ќе го користам нашето претседателствување со Г8 оваа година, прашањето на тероризмот и нашиот одговор на него да се најдат во врвот на агендата, каде што припаѓа”, рече Камерон во парламентот, каде што зборуваше за заложничката криза во Алжир.
Велика Британија ќе придонесе на разузнавачки и анти-терористички план на “напорите на меѓународната заедница да ја пронајде и да ја уништи мрежата која го планирала и наредила бруталниот напад на гасната постројка во Аменас Во Алжир”, најави Камерон.
Британскиот премиер рече и дека блиску ќе соработува со алжирската влада, со цел да извлече поука од киднапирањето во постројката на “Бритиш петролеум”, во која се убиени тројца британски државјани, а за уште тројца се стравувадека се погинати, пренесе АФП.
Камерон, исто така, најави дека ќе се обиде да обезбеди помош на француската воена мисија во Мали, покрај двата транспортни авиони кои Лондон веќе ги испрати во таа земја.