Камерон ќе предложи Британците да одлучат на референдум дали земјата да остане во ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон ќе предложи денеска на Британците да одлучат на референдум дали земјата да остане во ЕУ, ако неговата партија победи на идните избори.

Камерон ќе се обрати денеска во врска со идните односи на Велика Британија со ЕУ. Во обраќањето тој се очекува да признае дека јавното разочарување од ЕУ во земјата во моментот е поголемо од кога и да било, и ќе предложи условите за членство на Велика Британија и Унијата да бидат ревидирани.

Според првичните извадоци од обраќањето, тој ќе изјави дека иако лично е за останување во ЕУ, Конзервативната партија ќе ги ревидира односите со Унијата, ако победи на изборите во 2015 година, по што ќе свика референдум – најрано во 2018 година, за да можат граѓаните да го изразат своето мислење.

Перспективата од референдум и можното излегување на Велика Британија од ЕУ без сомнение ќе предизвика тревога меѓу бизнис лидерите и останатите членки на ЕУ и може да доведе до изолација на земјата во Европа.

Гласините по прашањето беа пресретнати со критики и предупредувања за тешките економски последици од ваквиот развој. Дури и САД, кои вообичаено не се мешаат во споровите меѓу земјите ид ЕУ, се вклучија во дебатите. Во телефонски разговор со Камерон минатата седмица претседателот Барак Обама изјави дека Вашингтон „силно ја цени Велика Британија во силнна Европска унија“.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство