Камерон: Излегување на Британија од ЕУ би било грешка

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон одговори на критиките од членови на Конзервативната партија, и како што нагласи – ќе биде грешка ако Велика Британија ја напушти Европската унија.

Најџел Лосон, кој беше министер за финансии во владата на Маргарет Тачер од 1983 до 1989 година вчера побара излегување на Лондон од Унијата.

Камерон денеска изјави дека оние што тврдат дека нема никакви перспективи за реформи и промени во ЕУ, грешат.

– Мислам дека е возможно да се промени и реформира таа организација. Во интерес на Британија е да остане поврзана со останатиот дел од светот на тој начин како што е со ЕУ, нагласи премиерот кој неодамна вети организирање референдум за излегување на државата од ЕУ ако победи на парламентарните избори во 2015 година.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство