Камерон и Рохани се договорија за соработка и борба со заканите на Блискиот исток

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и иранскиот претседател Хасан Рохани се договорија да работат на подобрувањето на односите меѓу двете земји, јави ИТАР-ТАСС.

Двајцата лидери оценија дека е од исклучителна важност Иран и светските сили да постигнат долгорочна спогодба за иранската нуклеарна програма и дека сегашниот момент е од исклучително значење.

Камерон и Рохани биле едногласни и дека групата Исламска држава претставува закана за целиот Блиски Исток.

Сите земји во регионот треба да ја прекинат помошта за терористичките организации, вклучувајќи ја финансиската помош, изјавија двајцата лидери.

Камерон ја поздрави иранската поддршка за новата ирачка Влада, која ги претставува сите етнички и политички групи во земјата и напори на Техеран да помогне во нејзиното создавање.

– Ваквиот пристап е неопходен и во Сирија, изјави британскиот премиер.

Средбата во маргините на Генералното собрание на ОН е прва иранско-британска средба на толку високо ниво од 1979 година.

Камерон и Рохани признаа дека во минатото меѓу нивните земји имало значителни разлики и затоа двајцата се догорија да работат на подобрувањето на билатералните односи.

Би можело да ве интересира

Иран: Нема да се двоумиме, САД мора да ги прифати последиците

Во Иран е прогласена петдневна жалост по убиството на Насрала

Во Бејрут загина командант во Иранската револуционерна гарда генерал Абас Нилфорушан

Горан Наумовски

Иран: Линија на водачот на отпорот ќе продолжи се до ослободување на Ерусалим

Горан Наумовски

Либан: Над 70.000 луѓе се на улица и бараат засолниште

Аракчи: Техеран нема да остане рамнодушен во случај на војна во Либан

Горан Наумовски