Камерон и Кени не успеаја да издејствуваат договор во Северна Ирска

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон и неговиот ирски колега Енда Кени,не успеаја да ги убедат партиите во Северна Ирска,за постигнување договор околу деблокирањето на политичкиот процес.

На дводневните преговори во Белфаст,се расправаше околу социјалната реформа во оваа британска покраина на ирскиот остров,како и за неможноста на тамошните партии да се спогодба околу летните маршеви на протестантите,истакнувањето на знамињата и за толкувањето на минатото во Северна Ирска.

По напуштањето на преговорите што се одржуваа во палатата Стормонт,во Белфаст,Камерон изјави дека „не било возможно да се постигне договор„.

Премиерот на Република Ирска,Енда Кени рече дека владите во Даблин и Лондон и понатаму се подготвени да им помагаат на северноирските партии во трагањето по договор,но дека тој верува оти тоа би можеле да го направат и самите партии.

Вчерашните разговори на кои биле и двајцата премиери, продолжиле до после полноќ и за нив сите страни велат дека бил забележан напредок,иако не се открива каде тоа било постигнато.Денеска разговорите продолжиле уште утринава,но после еден час,биле прекинати,па Камерон и Кени заминале од Стормонт.

Британскиот премиер откри дека во текот на преговорите тој има понудени нов социјален пакет,за социјалните фондови во покраината.Станува збор за една милијарда фунти што би требало да бидат распределени во текот на следните години,што северноирските партии,а посебно Шин Феин ги оценуваат како недоволни.

Заменик првиот министер во локалната влада, Мартин Мекгинис од партијата Шин Феин, смета дека премиерот Камерон не понудил вистински финански пакет.

„На нашите министри им е потребна посилна финансиска интервенција за да може да се справат со мерките за штедење што ги наметна токму владата на Камерон.Треба да се обезбедат средства за финансирање на јавниот сектор,за одржување на јавното здравство,на вработените во јавниот сектор,а ништо од тоа не е можно со она што го понуди премиерот„-рече Мекгинис.

Лидерот на Демократската унионистичка партија Питер Робинсон кој е прв министер на Северна Ирска, е поумерен во критиките,па смета дека ниту партиите не биле сосема подготвени за преговорите и за постигнувањето договор.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство