Британскиот премиер Дејвид Камерон го поздрави денеска Алистер Дарлинг, водач на противниците за независност на Шкотска, по објавените резултати кои укажуваат дека мнозинството Шкоти гласале за останување во Велика Британија.
– Зборував со Алистер Дарлинг и ги поздравив добрите вести и добро водената кампања, напиша Камерон на Твитер.
Се очекува утрово негово обраќање преку телевизија од Кабинетот.