Камерон го одби шкотскиот предлог за референдум за ЕУ

Од:

Британскиот премиер Дејвид Камерон денеска го одби предлогот на Шкотската национална партија (СНП), Велика Британија да ја напушти Европската унија, ако на најавениот референдум таквата идеја биде поддржана од мнозинството гласачи во сите четири дела на земјата.

Камерон вети референдум во 2017 година за членство на Велика Британија во ЕУ, ако неговата Конзервативна партија, која е се поевроскептична, победи на парламентраните избори во 2015 година.

Новоизбраниот лидер на СНП, Никола Старџан претходно изјави дека Велика Британија треба да ја напушти ЕУ, само ако тоа биде одобрено од мнозинството граѓани на Шкотска, Велс и Северна Ирска, како и на Англија, каде живее 85 проценти од британското население.

– Ние сме едно Обединето Кралство. Ќе има еден референдум за останување или излегување од ЕУ и за тоа ќе реши мнозинството, истакна Камерон пред британскиот Парламент како одговор на предлогот на Старџан.

Шкотска, Велс и Северна Ирска имаат различен степен на автономија, но британската Влада во Лондон раководи со надворешната политика и не е правно обрзана да се советува со регионалните администрации за прашања како што е членството во ЕУ.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство