Камерон ги предупреди Шкотите: Тоа ќе биде болен развод

Од:

Британскиот премиер, Дејвид Камерон предупреди дека отцепувањето на Шкотска од Обединетото Кралство нема да биде судска разделба, туку болен развод.

-Сакаме да останете во составот на Обединетото Кралство. Вашето „да“ ќе биде крај за државата која сите ја викаме татковина, која сите заедно ја изградивме-рече Камерон во тек на посета на Абердин центарот на шкотската нафтена индустрија.

Во својот говор, пред референдумот кој ќе се одржи на 18-ти септември, Камерон наведе дека независноста ќе ги загрози пензиите и валутата, која што ја користат Шкотите, ќе ги ослаби британските воени сили и ќе постави граница помеѓу Англија и Шкотска, која можеби нема да може лесно да се преминува.

Инаку британскиот премиер допатува во својата последна посета на Шкотска пред референдумот, со надеж дека ќе влијае на зголемување на бројот на оние кои се против отцепување, бидејќи конкурентите се борат за придобивање на гласовите на неопределените.

Истражувањата на јавното мислење покажуваат дека трката е повеќе од тесна. Се проценува дека од околу четирите милиони регистрирани гласачи, неопределени се околу 500.000 лица, наведе „Ројтерс“.

Одржувањето на референдумот е договорено со Единбуршкиот договор, кој што на 15-ти октомври 2012 година го потпишаа првиот министер на Шкотска, Алекс Салмонд и премиерот на Обединетото Кралство, Дејвид Камерон.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот