Камерон: Британија нема да почне Трета светска војна поради Украина

Од:

Британија нема да почне „Трета светска војна“ поради Украина, или да испрати воена флота во Црното Море, туку ќе врши економски притисок на Русија се додека не го промени курсот, изјави британскиот премиер Дејвид Камерон.

Премиерот на Британија однесувањето на Русија во Украина го спореди со Германија пред избувнувањето на Првата и Втората светска војна. Тој, сепак, нагласи дека Западот мора да стави линија или Русија ќе почне да врши притисок на земјите од ЕУ кои се наоѓаат во источниот дел на континентот, како што е Романија, пренесува британскиот весник „Телеграф“.

Според Камерон, новите санкции против Русија се дел од напорите на Западот да изврши притисок на рускиот претседател Владимир Путин и да го принуди да го промени курсот.

– Годинава одбележуваме 100-годишнина од почетокот на Првата светска војна и таа војна беше поради правата на малата држава Белгија да не биде прегазена од своите соседи. Истата лекција мораше да ја научиме и во Втората светска војна кога истото се случи со Полска, Чехословачка и други земји. На некој начин, ние сме сведици на тоа денеска во Европа – изајви Камерон.

Британскиот премиер нагласи дека Украина е држава призната од ОН и дека нејзиниот територијален интегритет не може да биде загрозен од Русија.

– Сведоци сме на трагични жртви и тоа треба да се запре. Што повеќе може да направиме. Ние нема да почнеме европска војна, не сакаме конфронтација, но треба да ја искористиме економската моќ што ја поседуваме – истакна британскиот премиер.

Според Камерон, ЕУ и САД се одлучни да делуваат бидејќи ако тоа не го направат, Русија ќе почне со дестабилизирање на други држави од Источна Европа.

Би можело да ве интересира

Борис Џонсон во своите мемоари тврди дека кралицата Елизабета имала рак на коските

Три жени ранети во престрелка во Англија

Англија ја совлада Ирска

Мал авион се урна во индустриска зона во Честерфилд

Моторна едрилица се урна на сред пат: Пилотот и патникот преживеаја

(ВИДЕО) Ескалира насилството во Британија: Ќе залажите за ова екстремно десничарко насилство