Велика Британија во текот на следните пет години ќе прифати 20.000 сириски бегалци од камповите во близина на границата со Сирија, изјави денеска британскиот премиер Дејвид Камерон.
– Предложивме Британија да пресели околу 20.000 бегалци до крајот на мандарот на овој Парламент. Ако успееме во тоа ќе продолжиме да му покажуваме на светот дека оваа земја се одликува со исклучителна солидарност, наведува Камерон.
Бегалците, кои ќе бидат преселени во Велика Британија, ќе дојдат од кампови во соседни држави на Сирија.