Британскиот премиер Дејвид Камерон побара денеска од досега „молчеливото мнозинство“ противници на отцепувањето на Шкотска,да почне да зборува против сепаратистичката политика и растурањето на тривековната Унија со Англија.
Камерон кој престојува во Шкотска и за последен пат и се обраќа на тамошната јавност и учествува во кампањата „Подобро е заедно“ предодржувањето на референдумот од 18 септември,се среќава со шкотските бизнисмени и со партиските активисти.
Тој ги обвини „шкотските националистички лидери“ за заканите и за силните притисоци врз локалните бизнисмени и шкотската деловна елита кои јавно се противат на независноста. и побара од активистите да не молчат кога се зборува за настапите на националистите и на сепаратистите кои заговараат независност и отцепување на Шкотска од Велика Британија.
Повикот на британскиот премиер доаѓа по неговата вчерашна изјава во Долниот дом на британскиот Парламент,во која тој ги обвини шкотскиот прв министер Алекс Салмонд и неговата владина админстрација за „зголемените притисоци“ компаниите во Шкотска, да „не ја кажуваат вистината за сепаратизмот“.
Според Камерон,врз локалната бизнис елита се применуваат „закани од сите врсти“ и се испраќаат предупредувања да не зборуваат,ако веќе не ја подржуваат политиката на шкотската националистичка партија СНП,на нејзиниот лидер Салмонд и на сите сепаратисти.
До одржувањето на референдумот за независност остануваат уште 77 денови.
Последното испитување на јавното мислење во Шкотска,што го направи агенцијата Југав покажува раст на приврзениците на отцепувањето,но и зголемена подршка на оние кои се противат на независноста.Доколку сега би се гласало на референдумот,39 отсто од Шкотланѓаните би гласале „За“ отцепувањето,но дури 61 отсто од луѓето во овој дел од Велика Британија би гласале „Против“ независноста.