Камала Харис собра 200 милиони долари за кампањата за една недела

Од:

Штабот на изборната кампања на американската потпретседателка Камала Харис денеска соопшти дека кампањата собрала 200 милиони долари и регистрирала 170.000 нови волонтери во текот на минатата недела.

Американскиот претседател Џозеф Бајден се повлече од кампањата за реизбор на 21 јули по зголемениот притисок од неговата Демократска партија поради неговата влошена когнитивна состојба. Тој ја поддржа Харис како демократска кандидатка на претседателските избори во ноември, каде што таа ќе се соочи со републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп.

Според новите правила, усвоени од Демократскиот национален комитет, претседателскиот кандидат ќе биде избран на 1 август, а потоа официјалниот кандидат има рок до 7 август да го номинира својот потпретседател, објави Ројтерс.

Претседателските избори во САД се закажани за 5 ноември.

Би можело да ве интересира

Трамп освои 301 електорски глас, се очекува да победи и во Невада

ВИДЕО: Како трошите една милијарда долари и губите – Демократите бараат одговори

Камала Харис го призна поразот

Предраг Петровиќ

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Обложувалницата Полимаркет бележи зголемени шанси Доналд Трамп да стане претседател

Објавена симулација: Харис победува на изборите во САД