Камала Харис: Се разликувам од Бајден затоа што нудам нова генерација на лидерство

Од:

Американскaтa потпретседателкa и кандидат за претседателка oд Демократската партија Камала Харис рече дека се разликува од претседателот Џо Бајден затоа што нуди „нова генерација на лидерство“.

„Мојот пристапот е за нови идеи и за нови политики, а исто така, мојот фокус е на она што треба да го направиме во следните 10, 20 години за да го достигнеме 21-от век“, рече Харис во интервју за телевизијата WPVI во Филаделфија, пренесува АП.

Во своето прво соло телевизиско интервју откако стана претседателски кандидат на Демократската партија, Харис ја критикуваше и „омразата и поделеноста“ на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и додаде дека таа мисли дека луѓето се „исцрпени“ од неговиот стил на лидерство.

Харис рече дека поддршката на републиканските функционери, вклучително и поранешниот потпретседател Дик Чејни и неговата ќерка, поранешната конгресменка Лиз Чејни, е показател дека луѓето се „исцрпени“ со Трамп.

„Мислам дека луѓето сега се поподготвени, во светлината на омразата и поделеноста што ја гледаме од Доналд Трамп, да кажат „Еј, да ја ставиме земјата на прво место“ и мислам дека тоа само не прави посилни“, рече таа.

Таа, исто така, понуди неколку одговори кога водителот ја замоли да сподели една работа што би сакала луѓето да знаат за неа.

“Го сакам моето семејство. Една од моите омилени работи што не можам да ја правам во последно време е неделна семејна вечера. Обожавам да готвам. Исто така, мојата најдобра другарка од градинка сè уште е мојот најдобар пријател”, рекол Харис.

Потпретседателскиот кандидат на Трамп, сенаторот Џеј-Ди Венс и другите републиканци ја критикуваа Харис дека главно избегнува интервјуа со медиумите. од кампањата на Харис неодамна објави дека ќе започне да прави повеќе интервјуа со локалните медиуми

Би можело да ве интересира

Тејлор Свифт ја поддржува Камала Харис

Горан Наумовски

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Трамп: Навреден сум што Путин ја поддржа Камала на претседателските избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Путин: Русија сака Харис да победи на претседателските избори во САД

ВИДЕО: Харис ја зголеми предноста пред Трамп

Трамп: Другарката Камала Харис ќе не одведе кон Трета светска војна