Избраната потпретседалка на САД, Камала Харис, во првото обраќање до нацијата по победата на демкратскиот тандем на изборите истакна дека „се раѓа нов ден за Америка“. Харис, сенаторка од Демократската партија од Калифорнија, е првата Афроамериканска жени на таа позиција. Таа има индиско и јамајканско потекло.
– Избравте надеж, наука и вистина. Го избравте Џо Бајден за следен претседател на САД, потенцираше Харис.
Таа го опиша Бајден како стабилен и цврст човек, а за неговата сопруга Џил рече дека ќе биде одлична прва дама. Таа исто така им се заблагодари на сите жени кои работеа за правото на глас на жените.
Харис, исто така, им се заблагодари на сопругот, мајка си и целото семејство.
– Можеби сум првата жена на оваа позиција, но не сум последна. Бидејќи ова е земја на можности. Сонувајте со амбиција, рече таа.
– За Американците, без оглед за кого гласавте. Ќе му бидам потпретседателка на Џо, како што беше тој на Барак Обама, потенцираше досегашната сенаторка.