Калифорнија: Во судар на патнички воз и камион триесет повредени

Од:

Триесеттина патници се повредени во сударот на патнички воз и камион во близина на градот Хенфорд во Калифорнија.

„Единаесет лица се повредени, а деветнасет се полесно повредени. Тринаесет амбулантни возила пристигнаа на местото на несреќата за да ги пренесат повредените во болница“ – рекоа официјални лица.

„169 патници и 4 члена на екипажот се наоѓаа во возот кој патуваше од Оукленд до Бејкерсфилд, кога околу 12,25 часот по пацифичко време дошло до судар со камионот“ – стои во соопштението за несреќата.

Три од четири вагони во композицијата излетале од шините. Тоа бил судар кој се случил при голема брзина, кој доведе до превртување на возот и негово запирање 800 метри од местото на ударот, кажаа од железничката компанија.

Би можело да ве интересира

САД прекинаа да и испраќаат разузнавачки информации на Украина

Горан Наумовски

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Кина: Подготвени сме да се бориме до крај доколку САД сакаат било каква војна

САД продолжуваат да споделуваат разузнавачки информации со Украина

Трамп: Утре ќе биде голем ден, ќе кажам се како што е

Ројтерс: Официјален претставник на УСАИД предупреди на последиците од недавањето помош, а потоа испратен на одмор