Калифорнија: Кој има оружје, ќе плаќа кога некој друг ќе направи криминал со оружје

Од:

Властите во градот Сан Хозе во Калифорнија донесоа нов закон, со кој се бара сопствениците на оружје да имаат осигурување од одговорност и да плаќаат такса за да ги покријат трошоците на даночните обврзници кои се јавуваат како последица на случаите на насилство во кои се користи оружје.

Законот е прв од таков вид во САД и беше одобрен едногласно од Градскиот совет еден месец откако незадоволен службеник од Сан Хозе застрела девет негови колеги, а потоа си го одзеде животот, објави „Сан Франциско кроникл“.

Градоначалникот Сем Ликардо ги пофали мерките и рече дека сопствениците на оружје кои не ги следат новите правила, не треба да поседуваат оружје.

– Нема да го запреме оруженото насилство со оружје како со волшебно стапче, но ќе престанеме да плаќаме за тоа, рече Ликардо во изјавата.

Новиот закон е дел од планот за контрола на оружјето од 10 точки што го најави Ликардо по масовното пукање на 26 мај во железничкиот двор на долината Санта Клара.

Официјалните лица се уште не одлучиле колку сопственици на оружје ќе треба да плаќаат такси. Тие ќе се користат за покривање на директните трошоци од насилство со оружје за даночните обврзници за услуги што вклучуваат реакција на полицијата, транспорт на брза помош и медицински третман на жртвите на огнено оружје.

Надоместоците ќе бидат утврдени по завршувањето на студијата за предизвиканата штета од употребата на оружје, која ја изработува Тихоокеанскиот Институт за истражување и проценка, група која промовира индивидуално и јавно здравје, благосостојба и безбедност.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари