Сите национални шуми во Калифорнија ќе бидат затворени од вечерва. Затворањето ќе стапи во сила во 23:59 часот, соопшти американскиот Пацифички југозападен оддел за земјоделство и шуми.
Властите се надеваат дека вака ќе го намалат бројот луѓе кои ги посетуваат националните шуми, за да се спречи некој да биде заробен при можна вонредна состојба, како што се нови пожари. Помалку луѓе на националните шумски земјишта, ја намалуваат веројатноста за појава на нови пожари и ќе помогне да се заштитат пожарникарите и заедницата со ограничување на можната изложеност на Ковид-19, велат официјалните лица.
– Оваа одлука не е лесна, но е неопходна. Особено е тешко со претстојниот викенд по Денот на трудот, кога толку многу луѓе уживаат во нашите национални шуми, изјави гласноговорничката Џенифер Еберлајн.
Стравувајќи од пожари во Калифорнија, шумските власти истакнаа дека загриженоста за условите за „рекордно ниво“ на пожари се „над нормата“ на искуството, поради „значително ограничените“ ресурси за гаснење оган. Соопштението доаѓа неколку недели откако Шумската служба затвори девет национални шуми во северна Калифорнија.