Големото невреме што ја погоди Калифорнија, при што во јужниот дел на Лос Анџелес се појави и невообичаено торнадо, нанесе сериозни последици врз оваа американска сојузна држава.
Десетна куќи во градот Камарило, на 80 километри северозападно од Лос Анџелес, се сериозно оштетени при лизгање на земјиштето, по што властите оценија дека тие не се безбедни за живеење,
Невремето уследи откако Калифорнија неколку месеци беше погодена од невообичаено суво време.
Метеролозите за наредните два дена најавуваат интензивни врнежи од дожд во Калифорнија, кои би можеле да предизвикаат дополнителни проблеми.