Калибаф: Ако нè нападнете, ќе возвратиме уште посилно

Од:

Претседателот на иранскиот парламент, Мохамед Бакер Калибаф изјави дека Иран ќе одговори на секој напад на САД со напади врз Израел и американските воени бази во регионот.

Калибаф рече дека Иран го предупредува американскиот претседател Доналд Трамп дека секој напад на САД ќе го наведе Техеран да возврати со напади врз Израел и регионалните американски воени бази како „легитимни цели“, објави Ројтерс.

Извори велат дека Израел е во состојба на висока готовност за можна интервенција на САД за поддршка на протестите низ Иран што започнаа на 28 декември минатата година поради слабеењето на иранската валута и тешката економска состојба.

Протестите продолжија на улиците на градовите во Иран, а илјадници луѓе протестираа во Техеран преку ноќ и утрово, пркосејќи на ескалирачкото задушување на властите врз растечкото протестно движење, што го потврдуваат видеата што се појавија и покрај тоа што интернет и мобилните телефонски мрежи се во прекин, објави „Гардијан“.

Новинската агенција „Активисти за човекови права“ со седиште во САД утрово објави дека повеќе од 570 протести се одржани во 31 иранска провинција.

Би можело да ве интересира

Техеран тврди дека САД користат цивили како човечки штитови и најавува офанзивен одговор

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

„Волстрит џурнал“: Иран не побара одложување на нападите врз енергетската инфраструктура

Израел: Целта ни беше срцето на Техеран

(ВИДЕО) Трамп им се потсмева на Иранците: „Никој не сака да биде следен врховен лидер“