Калас: Треба да престанеме да купуваме руска енергија

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека изјавите на претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп во врска со Украина и Русија се многу позитивни, нагласувајќи дека неговите ставови се поддржани и од европските лидери.

„Ние сме многу позитивни по ова прашање, бидејќи сите овие се правилни работи. Да, треба да престанеме да купуваме руска енергија. Да, Украина треба да ја добие војната“, рече Калас во Њујорк, објави Ројтерс.

Таа додаде дека изјавите на Трамп се „многу силни“ и дека претходно не биле слушнати во такви формати, нагласувајќи колку е важно европските и американските позиции сега да се усогласат, пренесува Танјуг.

Би можело да ве интересира

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Ушаков: Трилатералните разговори за Украина се прекинати

Горан Наумовски

Зеленски призна: „Ситуацијата е напната“