Калас: Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително сложено

Од:

Високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, денес изјави дека ЕУ ќе ја продолжи својата мониторинг мисија на преминот меѓу Појасот Газа и Египет.

„Обезбедувањето мир во Газа ќе биде исклучително сложено“, напиша Калас во објава на платформата X, објави Ројтерс.

Таа потврди дека ЕУ е подготвена да придонесе во заедничките мировни напори.

„Цивилната мониторинг мисија на преминот меѓу Газа и Египет ќе биде обновена во среда“, објави Калас на својот X профил.

Би можело да ве интересира

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Калас: Mоже да заборавиме на заем од 90 милијарди евра за Украина

Калас вети во Киев дека ќе ја повика Русија на одговорност

Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец