Калас: Нема никакви реални знаци дека Москва се стреми кон мир

Од:

Eвропската Унија ќе поддржи секој мировен предлог за Украина што ќе донесе „фер и праведен мир“ и ќе биде договорен со Киев и Брисел, изјави денес високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, објави Ројтерс.

„Во врска со мировниот план што, како што го разбираме е презентиран на претседателот Володимир Зеленски, секогаш нагласувавме дека секој предлог мора да биде договорен со Украина и со Европејците“, рече Калас.

Таа оцени дека руската страна веќе би прифатила безусловно примирје кое, како што изјави, „е на маса од март оваа година“ ако „навистина сака мир“.

– Поминаа четири години од почетокот на бруталната агресија на Русија врз Украина, без никакви реални знаци дека Москва се стреми кон мир, додаде Калас.

Би можело да ве интересира

Цензура или демократија: Хаос и критики во Франција поради интервју со Сергеј Лавров

Пезешкијан и се заблагодари на Русија за нејзината поддршка на руски јазик

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Ученик тешко повреди другар пукајќи со сигнален пиштол

Песков: Странските медиуми моментално објавуваат многу лаги

Руте: Русија останува најзначајната и најдиректна закана за нашата безбедност