Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Од:

Поради противењето на Унгарија, земјите од Европската Унија веројатно нема да постигнат договор денес за предложениот нов пакет санкции против Русија, изјави шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, објави Танјуг.

Калас им рече на новинарите пред состанокот во Брисел дека континуираниот отпор на Унгарија јасно стави до знаење дека на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ нема да се постигне консензус за предложените мерки.

„Ќе има дискусии за дваесеттиот пакет санкции, но не мислам дека денес ќе има некаков напредок по ова прашање“, рече Калас, објави АНСА.

Таа рече дека Брисел ќе продолжи да инсистира на воведување нови рестриктивни мерки против Русија, поради војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Дуров: Рускиот обид за блокирање на VPN-мрежите предизвика колапс на платниот систем

Захарова: Каја Калас повторно ја посрамоти Европската Унија

Ушаков: Ормутскиот теснец е отворен за Русија

Калас: Трамп намерно го ослабнува НАТО

Степанов: Америка не сака фронтален конфликт со Москва

Сијарто: Нападот врз „Турски тек“ е напад врз суверенитетот на Унгарија