Можеби некому му звучи како научна фантастика, но истражувачите од холандскиот технолошки факултет велат дека пронашле попаметен начин со кој сопствениците на автомобилите би можеле значително да си го олеснат животот.
Томот предводен од Катарина Ествес со помош на нанотехнологијата создадоа посебен хемиски состав со кој во пракса се овозможува „лекување” на гребнатините на автомобилите и нивните валканици. Кога механичка сила би се обидела да ги раздвои молекулите на овој специјален состав, тие самите се регенираат и повторно се спојуваат.
Поради наведените ефекти, дури и најситниот дожд ќе биде доволен автомобилот да се „самоизмие“, па посетата на автопереалните ќе стане минато.
Оваа технологија не е применлива само во автомобилската индустрија, но и во воздушната. Нема потреба авионите да се чистат толку често. Истото би можело да се примиени и за бродовите.
Звучи премногу добро за да биде вистина. Па да почекаме пронајдокот да се комерцијализира, па да видиме што прави оваа „крема“ за автомобилите.