Национална географија – Вашингтон
Најрадосниот христијански празник се одбележува по грегоријанскиот и јулијанскиот календар, односно на 25 декември и на 7 јануари.
Бројот на земјите во кои Божик се слави во првиот месец во годината не е голем, но тие се уште ги негуваат обичаите на своите предци и се радуваат на овој посебен ден.
Грузија
Грузијците, кои Божик го слават на 7 јануари, на овој ден одат на Алило, масовно шетање на улиците, при што се облечени во посебна свечена облека. Притоа, меѓусебно си го честитаат празникот и на децата им делат колачиња.
Божиќната елка (Чичалак) е направена од мек материјал, а нејзините гранки се свиткани. Понекогаш наместо неа може да се види гранка од лешник, која е обликувана како Дрво на животот и украсена со чоколадца и овошје. Сепак, се повеќе е популарна елката каква што се гледа на Западот.
Дедо Мраз во Грузија е познат како Товлис папа („Товлис бабуа” на западот во земјата), што буквално значи „дедо снег”. Обично е претставен со долга бела брада, облечен во народна носија „чоха” и крзнена облека.
Русија
Руските православни верници 39 дена пред Божик редовно се молат, се до вечерта на 6 јануари, кога почнуваат свечените литургии. Следниот ден, на празникот, семејствата се собираат околу трпезата, на која се наоѓаат 12 видови на јадења, во чест на 12 апостоли.
Русите, Бадникот го нарекуваат „Сочељник” од зборот „сочиво” – леќа, јадење кое е задолжителен дел од празничниот ручек.
Овој ден е резервиран за љубовта, па Божик во Русија се честита на сите драги луѓе, а вратата на домот е ширум отворена за да можат и минувачите да се придружат на верниците за време на ручекот.
Украина
Кога децата на небото ќе ја здогледаат источната ѕвезда, која ги потсетува верниците на Тројцата мудреци, во домовите на Украинците почнува Светата вечера. Во домот се внесува пченица, што е стар обичај наречен „дидух” („дедов дух”), со кој Украинците се идентификуваат со предците.
Откако сите ќе се помолат, домаќинот вели „Христот се роди”, на што од семејството добиваат одговор „Да го славиме”. Следи вечерата, чиј неизоставни делови се боршч, домашен пудинг, млеко, кнедли со печурки или зелка и компири.
По вечерата, време е за божиќни песни, а наредните седум дена верниците уживаат во денови на славење.
Етиопија
Прославата за Божик во Етиопската православна тевахедо црква се нарекува Гана, а и претходи ден на пост (во случај на многу верници, тоа значи целосно воздржување од храна). На денот за Божик, христијаните облекуваат бела облека, а многумина се одлучуваат тој ден да носат традиционална облека („шама”) направена од памук и украсена со светли пруги на краевите.
Одбележувањето на Гана во Етиопија почнува во четири часот наутро, а оваа свеченост е со игра на момчиња слична на хокеј, која исто така се вика гана, а подразбира употреба на палки и дрвени топки.
Дванаесет дена по Божик, верниците почнуваат тридневна прослава Тимкат, со која се одбележува крштевањето на Исус. Важен дел од ова празнување е молитвата во текот на службата во храмот, кога возрасните повторно облекуваат шама, а децата облека од црквата со круни на главите.
Египет
Околу 15 отсто од жителите на оваа африканска земја се христијани, а мнозинството од нив се копти, кои Божик го прославуваат во јануари.
Месецот кој претходи, коптите го нарекуваат Киахк, а секоја саботна вечер во овој месец се поминува со песни, додека секое неделно утро верниците одат на црковна служба.
Од 25 ноември до 6 јануари, овие христијани постат, што подразбира одрекување од храна со животинско потекло. Потоа, на Бадник се собираат во храмовите каде слушаат литургија, а следниот ден го слават најрадосниот христијански празник.
Како и кај многу други народи кои го прославуваат овој празник, тој и кај коптите е ден на радост и љубов, дружење и почитување, па верниците во своите домови се собираат за да го прослават заедно. Често, притоа, на домаќините даруваат колачиња.
Дедо Мраз своето место го нашол и во оваа средина, тој е познат како Баба Ноел („Татко на Божик”), а малите деца веруваат дека тој влегува преку прозорецот додека спијат и им остава подароци.
За возврат, децата му оставаат колачиња.