Како Палестинците ги гледаат европските црвени линии?

Од:

Некои европски држави во текот на последната војна во Газа испратија воени бродови и подморници на Израел, тврдат палестински аналитичари.

Многу палестински аналитичари сметаат дека европскиот документ за црвената линија, кој неодамна се појави во медиумите, е резултат на повторното разгледување и проценката на односите и интересите на европските земји по прашањето за израелско-палестинскиот судир.

Овој документ содржи пет црвени линии од кои првата се однесува на изградбата на доселеничката населба Гиват Хаматос на територијата на градот Беит Сафафа, јужно од Ерусалим.

Втората црвена линија се однесува на имплементацијата на доселеничкиот проект како Е1 врз чиј основ доселеничката населба Маала Адумим треба да се поврзе со Источен и Западен Ерусалим, земајќи предвид дека намерата на изградбата на ова подрачје е насочена кон спречување на воспоставување на палестинска држава која би била единствена географска целина.

Во документот исто така се разгледува и изградбата на доселеничката населба Хар Хома на подрачјето Јабал Абу Гхнеим, во јужниот дел на Ерусалим, која претставува трета црвена линија, додека четвртата црвена линија е планот на Израел да протера 12.000 бедуини од територијата која моментално ја населуваат во Ерусалим и да ги пресели во јорданската долина, источно од Западниот брег. Петтата црвена линија е менување на моменталната состојба во џамијата Ал-Акса во источниот дел на Ерусалим. Овој документ ја предупредува израелската страна на тоа дека ќе бидат изложени на санкции, ако се надминат тие линии.

Промена и контрадикторност

Махди Абдул Хади, директор на Палестинското академско здружение за проучување на меѓународните односи ПАССИА во Ерусалим, смета дека постои јасна промена во европскиот дискурс.

На последната конференција за обновата на Газа се појави многу јасен глас дека Ерусалим е главен град на две држави и два народа.

Според Абдул Хади тоа е значаен напредок ако се осврнеме на говорот на претседателот на Франција Франсоа Оланд, пред Кнешетот минатата година, кога рече дека Ерусалим е единствен град и престолнина на Израел.

Директоро на Палестинското академско здружение за проучување на меѓународните односи во Ерусалим истакнува дека објавата на овој европски документ во медиумите всушност има за цел да го обнови јавното мислење во поглед на решение кое би се темелело на двете држави.

Абдул Хади укажа на очигледните контрадикции во европскиот став. Во време додека некои од европските престолнини зборуваат за решение темелено на две држави и работат на тоа да обезбедат некои од основните потреби на палестинскиот народ за напредокот на државата; и понатаму се воздржани, а некои дури и против признавање на палестинската држава. Исто така некои европски држави во текот на последната војна во Газа испраќаа воени бродови и подморници на Израел, па изјавија дека Израел има право да се брани, што го докажува европското лицемерие и потврдува дека нивните зборови не ги следат делата.

Џавад Сиуам, директор на информативниот центар Вади Хилвек, пак вели дека Европската унија никогаш не била верна на правдата во палестинскиот случај, сметајќи дека документот само е медиумски удар и дека санкциите кои ги предвидуваат во рамки на овој документ никогаш нема да бидат реализирани.

Тој додава и дека во случајот со одземањето на недвижнините, евидентно е дека државите на ЕУ даваат поддршка на израелската влада за тоа и ги финансираат новите проекти, а тоа е како што вели, една од најголемите окупациски организации која се стреми кон тоа доселеничките населби да ги прошират во Ерусалим, работејќи во соработка со доселеничката фондација Елад. Во исто време, овие држави наметнуваат комплицирани ограничувања на палестинските проекти, за чие финансирање задолжени се тие, се поради страв од ЕУ политички да се спротистави на Израел.

Опасност од доселеничките населби

Од друга страна, Амал Гадо, помошничка на палестинскиот министер за надворешни работи за Европа, изјави дека имплементирањето на израелските планови кои се однесуваат на доселеничките населби ќе го уништи решението за двете држави и ќе се стави крај за секогаш, што е многу опасно, па поради тоа со овој документ се утврдени црвени линии, бидејќи доселеничките наслеби претставуваат најголема закана на ова решение.

Поврзано за можноста Европа да наметне санцкии на Израел во случај да ги надмине црвените линии наведени во документот, рече дека треба да почекаме да видиме што може да се случи во иднина.

– Европската унија се состои од 28 земји и секоја од нив има различна надворешна политика – рече таа.

Според неа, амбасадорот на ЕУ треба да почне преговори со Министерството за надворешни работи на Израел поврзани со овие црвени линии. Што се однесува до преземање на било какви мерки против Израел, тоа се препушта на едногласната одлука на сите членки на ЕУ, што е тешко изводливо, бидејќи надворешната политика на тие држави е различна, посебно што некои од нив се блиски до Израел.

Гадо укажа на напредокот на европскиот став, па така министерот за надворешни работи на Финска, за време на последната агресија на Појасот Газа, првпат го употреби зборот санкции, како и неговиот колега од Данска.

 

Ал Џезира – Доха

 

Би можело да ве интересира

Израел ги презеде трите заложнички од Газа, луѓето радосни на двете страни

Предраг Петровиќ

Нетанјаху потврди: Примирјето стапи на сила

Израелската армија продолжи со нападите врз Газа, несогласувањето со Хамас го одложи прекинот на огнот

Предраг Петровиќ

Израелски министер за создавање палестинска држава: Со еден збор – не

Горан Наумовски

Ердоган го повика исламскиот свет да се обедини за поддршка на палестинскиот и либанскиот народ

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина