Како изгледа еден ден во местата каде што владеат џихадистите?

Од:

„Еден обичен ден во светот во кој што владеат џихадистите изгледа како ноќен кошмар“, изјави анонимен бегалец од Мосул и додаде дека неговите сограѓани стекнале лош впечаток уште на првиот ден, кога милитантите кренале во воздух неколку џамии.

Овој поранешен претприемач, кој пред војната бил дел од војската на Садам Хусеин, сведочи дека постојано стравувал за себе и своето семејство.

dzihadistiMesta1

Тој за „Индепендент“ вели дека неколку членови од неговото семејство останале во Мосул, за да го заштитат семејниот дом, бидејќи припадници на ИСИС оделе од куќа до куќа и вршеле проверка дали тука навистина живеат сопствениците или некои инфилтрирани припадници на сириската војска.

Според неговите зборови доколку сопственикот не бил во куќата, добивал рок од 10 дена да се врати и да докаже дека е негова, во спротивно џихадистите ја конфискувале.

dzihadistiMesta2

-Од ден на ден состојбата беше се полоша. Дури 28 дена поминавме без свежа вода и електрична енергија. Исламистите решија да користат генератори. Сирова нафта од Мосул одеше за Сирија каде што се рафинира, меѓутоа тоа гориво е со многу лош квалитет- раскажува бегалецот.

Тој нагласи дека е вистинско чудо што централната банка во Багдад и во вакви услови им ги исплаќала пензиите.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

После 10 години, армијата на САД се повлекува од Ирак

Две курдски новинарки загинаа во турски воздушен напад во северен Ирак

Израелските новинари известуваат: Иран подготвува беспилотни летала и ракети за голем напад

Американски војници се ранети во ракетен напад врз базата „Аин ал Асад“ во Ирак

Гранатирана е воена база во Ирак

Горан Наумовски

Нападната е американска воена база во Ирак