Како да го сопреме тероризмот во Европа?

Од:

Проџект синдикат – Прага

Европа е подложена на притисок. Интегрирањето на кандидатите за азил и други мигранти – 1,1 милиони само во германија во 2015 година – во европското општество е огромен предизвик кој се усложнува од наглиот пораст на престапите кои ги извршиле новодојдените. Ситуацијата се влошува уште повеќе заради фактот дека многу европски музлимани се радикализирале. Некои тргнуваат кон Ирак и Сирија за да се борат на страната на тнр. Исламска држава, а други извршуваат терористички напади дома. Додадете ја реториката на популистикчите политички лидери, која често е распламтувачка и националистичка, и се поголемата несигурност се повеќе се претвора во тема број еден во Европа.

Многу европски држави преземаат дејствија за закрепнување на својата внатрешна безбедност. Но нивниот чекор во најдобар случај е нецелосен.

Германија и други држави вовеле нови мерки вклучително и назначување на повеќе полицајци, забрзување на процедурите за депортирање на мигранти кои извшиле престап, и правото да го одземат германското граѓанство на оние кои се приклучиле на „терористички групи“. Други чекори вклучуваат засилување на надзорот над јавните места и создавање на нови структури насочени кон разоткривање на потенцијални терористи преку нивната активност на интернет.

Притисок да го смират општеството ги доведе Белгија, Бугарија, Франција, Холандија, како и швајцарскиот кантон Тичино и италијанската област Ломбардија, да бидат забранети бурките (целосно покривање на телото кое го носат ултраконзервативни муслиманки) и други исламски елементи од облека кои го покриваат лицето, на некои или на сите јавни места. неколку француски градови од крајбрежјето ги забранија и буркините – костими за капење кои го покриват телото, кои некои муслиманки ги носат на плажа.

Дури и Германија потклекна на притисокот на сојузниците на канцеларката Ангела Меркел и предложи забрана на муслиманската облека која го покрива лицето на јавни места кога се бара идентитет, иако министерот за внатрешни работи Томас де Мезиер на почетокот беше против. Таа облека, како што оди логиката, не придонесува за интеграција.

Но никакви мерки за безбедност, а особено правилата за облеката, не можат да ја гарантираа безбедноста на Европа. За да најдат вистинско решение, европските лидери треба да се изборат со идеолошките корени на предизвиците пред кои се исправени.

Проблемот не е исламот, како што тврдат многу популисти (и како што стои во забраната за бурки и буркини). Муслиманите одамна се дел од европското општество – тие во 1990 година броеле околу четири проценти од населението, и шест проценти во 2010 година. Претходните миграциски бранови од муслимански држави не доведоа до подем на терористичка активност во Европа. На пример, на почетокот на 1960-те, околу три милони турски мигранти се преселија во Германија за да ја пополнат потребата од работна рака на германската економија која процветуваше, без да станат било каква закана за државната национална безбедност.

Денес таа закана е предизвикана од радикалниот исламизам – фундаменталистичка идеологија за прекројување на општеството според законот на шеријатот. Освен што преживеале ужасни страдања и насилство, многу од денешните бегалци кои доаѓаат од раскрвавени од војни држави, како Ирак и Сирија, ја прифатиле исламистичката идеологија, а особено повиците за џихад. Некои можеби и се борци на ИД, прикриени како бегалци со цел да извршат атентати во Европа. Службеници од американското разузнавање многупати предупредувале за таквата можност.

Насилствто и исламската реторика на кои биле изложени можеби извршило силно психолошко влијание дури и врз мнозинството бегалци кои навистина бараат безбедност. Откако живееле толку долго во зони на конфликт, нивната адаптација кон мирно општество управувано од закони, бара од новодојдените да прифатат нови навики со кои ќе се исправат пред нови предизвици без да прибегнуваат кон престапи.

Притоа во анализата не се вклучени длабоките психолошки белези кои мачат многу од бегалците. Едно истражување открива дека над 50 проценти од мажите и жените кои минале повеќе реме во зоните на војни, страдаат најчесто од посттрауматски стрес, кој се поврзува со зголемене ризик од појава на насилие.

За многу Европејци овие фактори значат дека клучот за зачувување на безбедноста во Европа е контролирањето на бегалскиот поток, вклучувајќи преку подобрувањето на процедурите за проверки. „Такви процедури понекогаш недостасуваат едноставно заради огромниот бројо на пристигнатите бегалци). Исто така има случаи на задржување на бегалци на Блискиот исток, иако клучниот механизам за тоа – договорот на ЕУ со Турција во моментов е ставен на ризик заради политичките бранувања по неуспешниот обид за атентат врз владата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган минатиот месец.

Сепак, терористичката закана нема да биде елиминирана дури и ако Европа се огради со ѕид. Сепак, некои бомбашки атентати, меѓу кои и оние во Брисел и Париз, беа извршени од европски граѓани-муслимани, кои се радикализирале во сопствените домови. Според директорот на Европол, Роб Вејнрајт, околу пет илјади европски џихадисти биле во Сирија и Ирак, а „неколку стотини“ веројатно смислуваат нови атентати низ Европа, откако ќе се вратат дома.

Единствениот начин да се справиме ефикасно со терористичката закана е да се избориме со радикалната исламистичка идеологија која стои во нејзината основа. Тоа значи да работиме за затворање на религиозно-индустријализираните средини во Саудиска Арабија, Катар и на други места во Персискиот залив, кои ги користат мнгуте пари од нафтата за да го финансираат распрострувањето на екстремистичката идеологија.

Тоа значи и започнување на усогласена информативна кампања за дискредитирање на таа идеологија , токму како што Западот го дискредитраше комунизмот во Студената војна – тоа е критичката компонента за крајниот успех. Со тоа треба да се зафатат сите големи сили, но особено длабоко Европа заради нејзината близина со Блискиот исток, и најмногу до нови џихадистички утврдувања како Сирија, Ирак и Либија.

За да ги збришеме терористите, треба да го ослабиме системот од верувања кој ги оправдува нивните дејствија. Забраната за бурките и други мерки на европските власти кои го земаат на нишан исламот како таков, се површни и контрапродуктивни, затоа што прават поделба во европското општество, а не се зафаќаат со идеолошките основи на тероризмот.

Би можело да ве интересира

Петмина тинејџери обвинети за тероризам по нападот со нож во црквата во Сиднеј

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Тројца тинејџери уапсени во Германија под сомнение дека планирале напад

Снимки од апсењето на терористите во Русија, откриени и нивните имиња

А1он

Во Њујорк: Автомобил полн со канти со бензин удри во луѓе, загинаа две лица, а петмина се тешко повредени

Горан Наумовски

EУ стравува од терористички напади, најголемата закана се напаѓачите „волци“