Каја Калас ја обвини Русија за „државен тероризам“

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, ја обвини Русија за извршување хибридни напади на територијата на ЕУ и за вклучување во „државен тероризам“, објави Блумберг.

Калас потсети на неодамнешната изјава на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој оцени дека одредени хибридни инциденти, за кои Западот ја обвинува Москва, треба да се дефинираат како „државен тероризам“.

„Сега тие се обидуваат да сеат страв во нашите општества за да се воздржиме од помагање на Украина“, рече високата претставничка на ЕУ. Според неа, Русија наводно „тестира колку далеку може да оди“, на што Европа, нагласи таа, „мора да возврати“.

Од друга страна, рускиот претседател Владимир Путин неодамна, за време на разговор со словачкиот премиер Роберт Фицо, ги отфрли тврдењата на западните претставници за наводните планови на Москва за напад врз една од европските земји.

Путин ги нарече западните политичари „експерти за хорор филмови“, нагласувајќи дека таквите изјави се „провокативни или целосно некомпетентни“. Тој додаде дека Русија, како што нагласи, никогаш немала, нема и никогаш нема да има намера да нападне која било земја.

Би можело да ве интересира

Трамп: Путин можеби малку му помага на Иран

Каја Калас: Америка сака да ја подели Европа

Унгарија ги блокира санкциите кон Русија

„Едниствен победник од војната во Иран е Русија“

Руската одбрана собори 72 украински дронови

Песков: Меѓународното право повеќе не постои, заменето е со беззаконие

Горан Наумовски