Каја Калас ги осуди ограничувањата на верските слободи во Ерусалим

Од:

Високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, остро ги критикуваше постапките на израелската полиција, која го спречи латинскиот патријарх од Ерусалим да ја одржи литургијата во Црквата на Светиот Гроб по повод Цветници.

Калас на социјалната мрежа X изјави дека овој чин е директно кршење на верската слобода и долгогодишната практика на заштита на светите места. Според неа, слободата на вероисповед во Ерусалим мора апсолутно да им биде загарантирана на членовите од сите вери, притоа инсистирајќи на зачувување на мултирелигиозниот карактер на градот.

Израелската полиција утрово ги спречи латинскиот патријарх од Ерусалим, кардиналот Пјербатиста Пицабала, и отец Франческо Јелп, раководител на Кустодијата на Светата Земја, францисканската покраина одговорна за грижата за христијанските мошти, да ги придружуваат верниците во Црквата на Светиот Гроб во Стариот град на Ерусалим за да ја одржат миса на Цветници, соопштија претходно денес Патријаршијата и францисканската Кустодија на Светата Земја. Двајцата највисоки католички свештеници во регионот „беа запрени на пат, додека патуваа приватно и без никакви знаци на поворка или церемонијален чин, и беа принудени да се вратат назад“, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

Калас: Дипломатијата е единствениот начин да се одржи отворен Ормутскиот теснец

Каја Калас: Америка сака да ја подели Европа

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Калас: ЕУ веројатно нема да постигне договор за нови санкции против Русија

Калас: Москва не е непобедлива – нејзината војска трпи рекордни жртви

Калас: Формирањето на европска армија е исклучително опасно

А1он