Уште еден пасош е пронајден врз телото на бомбашот-самоубиец кој синоќа изврши еден од нападите во Париз, а му припаѓа на египетски државјанин.
Француската полиција го откри идентитетот на еден од терористите кој стои зад нападот во концертната сала Батаклан во Париз, Тој е идентификуван со помош на отисоци од прстите и е француски државјанин.
Властите не го соопштија името на напаѓачот.
Информациите следеле само еден час откако е пронајден првиот бомбаш-самоубиец кој се разнел во близина на стадионот. Тој бил сириски државјанин.