Египетскиот премиер ги предупреди денеска САД дека ќе направат грешка ако времено ја запрат воената помош за Египет. Секоја година САД даваат помош за Египет од околу 1,3 милијарди долари.
Во интервју за Еј-Би-Си, премиерот Хазем Беблауи изјави дека ако Вашингтон замрзне или ја намали воената помош за Египет, тоа ќе биде лош сигнал и за извесно време ќе се одрази негативно врз армијата.
– Да не заборавиме дека во минатото Египет барал оружје од Русија и успевал да добие. Затоа сум уверен дека државата ќе се справи, дури и да се смени ситуацијата, изјави тој.
Беблауи изрази жалење заради тензиите меѓу Вашингтон и Каиро предизвикани од насилството на исламистите.
Тој негираше дека во државата се води граѓанска војна и наведе дека Египет оди во добра насока и оти односите меѓу САД и неговата држава со тек на време ќе се подобрат.