Кадиров: Ова е џихад, украинските градови треба да бидат избришани од лицето на земјата

Од:

Чеченскиот лидер и сојузник на рускиот претседател Владимир Путин Рамзан Кадиров објави на Телеграм дека руските сили „водат бескомпромисна борба против сатанистите“ и дека „украинските градови треба да бидат избришани од лицето на земјата“.

Кадиров пишува дека не е задоволен од развојот на војната во Украина.

„Мислам дека нашиот одговор е слаб. Мораме да им дадеме да разберат дека не смеат ниту да размислуваат за напад на наша страна“, додаде чеченскиот лидер.

„Ова е џихад“

Во својата антиукраинска тирада, Кадиров напиша дека „патриоти од различни делови на нашата огромна татковина“ продолжуваат да пристигнуваат во Чеченија за „да станат членови на тесно поврзано семејство“.

Во него се наведува дека официјалните лица на Чеченската Република им даваат последни инструкции на волонтерите пред да ги испратат на линијата на фронтот во Украина.

Тие нагласуваат дека задачата останува иста – уништување на сатанистите, заштита на цивилното население и обезбедување помош“, напиша Кадиров.

Кадиров ја нарече руската инвазија на Украина „џихад“ (света војна), додавајќи дека чеченските команданти „одат само на напади“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија го нападна центарот на Киев со балистички проектили, има мртви

Зеленски: Украинската армија сега е поголема од руската

Четири држави против Украина во НАТО

ВИДЕО: Енергетскиот сектор во западна Украина настрада во рускиот напад, објавени првите снимки

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем руски напад на Украина: експлозии во Харков, узбуна и во Полска

Катерина Ѓуровски

Инвестирајте повеќе во одбрана или почнете да учите руски, порача шефот на НАТО