Кадиров најави: Целосно е ослободен Северодонецк

Од:

Шефот на Чеченија Рамзан Кадиров најави дека „целосно е ослободен Северодонецк“.

Северодонецк е под наша целосна контрола. Нацистите се поразени. Сите нивни позиции се уништени. Градот е ослободен. Жителите можат полесно да дишат. Отсега ништо повеќе не им се заканува“, напиша тој во својата Телеграма.

Според него, украинската војска и националистите побегнале од градот кога дознале дека борците од Чеченија почнале да ги уништуваат преостанатите непријателски сили.

„Не зборувам. Тоа го признаваат и затворениците кои беа заробени од нашите специјални сили“, рече тој.

Кадиров тврди дека првично било планирано да го окупираат Северодонецк во рок од една недела, но денеска „го прилагодил планот и наредил градот да се стави под контрола за три дена“. Како резултат на тоа, пишува Кадиров, „борците го направија тоа уште побрзо – за три часа“.

Украина сè уште не го коментира овие тврдења, а не се и независно потврдени.

Би можело да ве интересира

Оние 300 милијарди долари што Западот ги замрзна на Русија сега стануваат многу важни

А1он

Кличко: Киев цел на повеќечасовен руски воздушен напад

А1он

САД подготвуваат резолуција за Украина: ЕУ ја смета за контроверзна, Русите ја сметаат за одлична

Украина: Русија сака да прогласи победа на 24 февруари

Москва: Терористичките групи ширум светот се снабдуваат со западно оружје од Украина

Трамп и понуди на Украина „подобрен“ нацрт-договор за минерални суровини