Каде е најпривлечно да се емигрира?

Од:

За квалитетот на воздухот, Швајцарија е на првото место според испитувањето направено од ХСБЦ, за најдобар квалитет на живот во светот, Швајцарија исто така е на првото место на глобалната ранг листа, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Оние кои посакуваат финансиски успех, треба да заминат за Азија, поточно во Кина и Сингапур кои се наоѓаат на второто и третото место од ранг листата на ХСБЦ.

За забрзување на кариерата водат потребно е да се замине во Бахреим.

За одгледување и воспитување на деца на првото место се најде Нов Зеланд, следен од Јужна Африка, Германија и Јапонија.

Во однос на професионалните искуства на првото место се наоѓа Нов Зеланд, потоа Бахреин, Сингапур, Австралија и Швајцарија.

Од економска гледна точка, приходот на домаќинствата, лично расположливиот приход и задоволството со домашната економија на првото место е Кина, следена од Швајцарија, Сингапур, Оман, Катар и Хонг Конг.

Глобално со сите критериуми за тоа каде е најдобро да се емигрира, испитуваните лица од ХСБЦ одговориле дека тоа е Швајцарија, следена од Сингапур, Кина, Германија, Бахреин, Нов Зеланд и Тајван.

Би можело да ве интересира

Првиот авион со мигранти од САД слета во Гвантанамо

САД ќе подготват притвор за 30.000 мигранти во Гвантанамо

Во две акции на полицијата уапсени шверцери на мигранти

ВИДЕО: Колумбија попушти за мигрантите, Трамп се откажа од санкциите

ВИДЕО: Трамп почна масовна депортација на мигранти од Америка

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски