Качински: Туск нема поддршка од Полска за втор мандат

Од:

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск не може во ниту еден момент да смета на поддршката од Полска за втор мандат на таа функција, изјави денеска лидерот на владејачката Партија на правото и правдата Јарослав Качински.

– Доналд Туск е политичар кој ги крши основните правила на Европската унија, истакна Качински за својот долгогодишен ривал и поранешен премиер на Полска.

– Некој кој крши толку правила едноставно не може да биде претседател на Европскиот совет и во никој случај не може да смета на тоа дека ќе го поддржиме или дека ќе немаме приговор, нагласи Качински.

Доналд Туск неодамна најави дека планира да се кандидира за втор мандат за претседател на Европскиот совет, наведувајќи дека за тоа има поддршка од сите членки на ЕУ, освен од родната Полска.

Би можело да ве интересира

Полска се подготвува за војна: Секој маж мора да оди во војска

Дуда: Украина треба да се врати на преговорите со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Остатоци од ракетата на Маск паднаа на неколку места во Полска

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата