Кац: Следува смртоносен, разорен напад врз Иран

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац изјави дека неговата земја е подготвена да ја обнови војната против Иран и да го врати во „темното камено доба“, објави Би-Би-Си.

Кац вели дека израелската војска „чека зелено светло од САД – пред сè за да ја заврши елиминацијата на династијата Хаменеи“ (врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хаменеи, беше убиен во американско-израелските напади на првиот ден од војната).

Тој, исто така, се закани дека ќе го врати „Иран во темното и камено доба“ со напад на неговата енергетска и економска инфраструктура, објави Би-Би-Си.

„Нападот овој пат ќе биде различен и смртоносен и ќе нанесе разорни удари таму каде што најмногу боли, тресејќи ги и уништувајќи ги неговите темели“, рече Кац.

Тоа е одраз на заканата од американскиот претседател Доналд Трамп претходно во април, кога вети дека ќе го бомбардира Иран „назад во камено доба“ освен ако не постигне „прифатлив“ договор за завршување на војната.

Би можело да ве интересира

Иран тврди дека уништил американски радар во Бахреин, САД демантираат

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени