Кац: Израелските војници ќе останат во тврдината Бофорт

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека израелските сили ќе останат распоредени во стратешки важната тврдина Бофорт во рамките на новата безбедносна зона што Израел ја воспостави во јужен Либан.

„Дваесет и шест години по повлекувањето од безбедносната зона во Либан, израелското знаме повторно се вее на височините над заедниците во Галилеја“, рече Кац на комеморацијата на војниците убиени во Првата либанска војна во 1982 година, објави „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека 26 години по повлекувањето, херојските израелски војници го вратиле Бофорт и ќе останат таму во рамките на безбедносната зона во Либан.

Кац рече дека „заземањето на Бофорт и проширувањето на копнената операција се јасна порака до непријателот дека секој што им се заканува на граѓаните на Израел ќе биде лишен од своите стратешки ресурси, еден по еден“.

Тврдината Бофорт се наоѓа на рид во јужен Либан и со децении е од големо стратешко значење поради нејзината контрола врз околното подрачје и нејзиниот поглед кон северен Израел.

Би можело да ве интересира

Ајзенкот го обвини Нетанјаху за поттикнување кампања против арапските граѓани на Израел

Најмалку шестмина загинати во израелски напад врз болница во Газа

Нетанјаху: Влада на национално единство сè уште е можна

Израел e затекнат од одлуката на Трамп: Вашингтон најавува прекин на воената помош

„Џерузалем пост“: Арапските партии ја поддржаа опозицијата по изборите

Нетанјаху ја губи поддршката од долгогодишните сојузници, патот до мандат се отвора за Ајзенкот