Кац: Израел е решен да го победи Хамас во Газа

Од:

Израелскиот министер за одбрана Израел Кац денес изјави дека го разгледал воениот план за заземање на Газа Сити, за време на состанокот со началникот на Генералштабот на израелската армија, Ејал Замир, и други високи офицери.

На состанокот беа презентирани главните принципи на операцијата за заземање на Газа Сити и други области од палестинската енклава, каде што Израел сè уште не добил целосна контрола, а овој план беше одобрен од израелскиот кабинет за безбедност претходно оваа недела, објавува „Тајмс оф Израел“.

„Израел е решен да го победи Хамас во Газа, да ги ослободи сите заложници и да ја заврши војната“, рече Кац, според соопштението од неговиот кабинет.

Би можело да ве интересира

Владата на Сомалија го осуди Израел по признавањето на Сомалиленд: „Ќе преземеме сите мерки за да се одбраниме“

ИДФ: Извршен е воздушен напад врз терористички оперативец во Либан

Хамас: Израел го крши прекинот на огнот, целта е да се спречи преминот во втората фаза

Ердоган му одговори на Нетанјаху: За разлика од нас, вие внесувате крв и солзи во регионот

СЗО: Стотици илјади деца и бремени жени во Газа ќе страдаат од неухранетост

„Проект Зора“: Со 112 милјарди долари, САД ќе ја обновува Газа