Кабул ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако се намали насилството

Од:

Авганистанската Влада постепено ќе ослободи 5.000 талибански затвореници ако има „значително“ намалување на насилството во земјата, изјави синоќа портпаролот Седик Седики.

– Помилувањето и првото ослободување на 1.500 талибански затвореници започнува в сабота и по околу 100 талибанци ќе бидат ослободени секој ден, рече Седики.

Според него, кога ќе започнат мировните преговори меѓу авганистанските власти и талибанците, ќе бидат ослободени уште 500 затвореници секоја втора недела.

Седики додаде дека услов за ослободување е „значително“ намалување на насилството.

Би можело да ве интересира

„Волстрит журнал“: САД и Талибанците преговараат за размена на затвореници

Горан Наумовски

Талибанците имаат нова забрана за жените

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Талибанците пронајдоа американски воени возила вредни седум милијарди долари

Горан Наумовски

Исламска држава ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад во Кабул