Советникот на јужнокорејскиот претседател, Мун Џае Ин за надворешна политика, Чунг ин Мун изјави дека севернокорејскиот лидер, Ким Џонг Ун е жив и здрав и дека од 13 април се наоѓа во областа Вонсан.
– За сега не се забележани никакви сомнителни движења, рекол тој.
Од минатата недела светските медиуми пишуваат дека здравствената состојба на Ким Џонг Ун е нарушена, а многумина шпекулираа и дали е жив.
Вчера беа објавени сателитски снимки од воз кој најверојатно му припаѓа на Ким, на железничка станица во Вонсан.
Ким не се појави во јавност од 11 април, а според некои информации тој имал операција и е во лоша здравствена состојба.