Јужнокорејската претседателка се извини поради превртувањето на траектот

Од:

Претседателката на Јужна Кореја Парк Геун Хје се извини за владината неспособност да преземе соодветни чекори, по трагедијата со траектот при што загинаа 476 луѓе, главно деца.

Парк на седницата на кабинетот рече дека Јужна Кореја „изгубила многу драгоцени животи поради несреќата“, и и се извини на јавноста.

Таа рече дека Владата не можела да ја спречи несреќата, но оти „почетните одговори и напори не биле доволни“.

Нуркачките тимови и натаму, речиси две недели од несреќата, трагаат по над сто исчезнати патници.

Потврдениот број на жртви во превртувањето на траектот е 193, а повеќето жртви и исчезнати се ученици од средно училиште.

Роднините и пријателите на жртвите тврдат дека Владата не сторила доволно да ги спаси или заштити нивните најблиски, по што премиерот поднесе оставка, а сега и претседателката се извини во ситуација на огорченост на јавноста.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски