Jужноамериканската турнеја на папата под знакот на заштитата на сиромашните и на Планетата

Од:

Си-Би-Ес Њуз – Њујорк

Папата Франциско во неделата тргна кон трите најсиромашни и најмали земји во Јужна Америка и ќе посети затвореници, селани, бездомници и Индијанци, по неговото послание за солидарност со потиснатите и угнетените.

Турнејата која трае од 5 до 13 јули, и која ги вклучува Еквадор, Боливија и Парагвај, е неговата прва посета во странство кое се случува откако минатиот месец во својата епохална енциклика „Лаудато си“, повика на заштита на животната средина и на сиромашните.

Тоа е и првата турнеја на аргетинскиот папа во дел шпанското говорно подрачје во Јужна Америка. Во 2013 година, тој беше во Бразил на младински фестивал, заменувајќи го неговот претходник Бенедикт, кој ненадејно се повлече. Се очекува тој да импровизира со приближно 25 зборови, со кои се очекуива да се произнесе.

Бидејќи Франциско сам ги избрал трите држави кои сега ги посетува, неговите советници во Ватикан изјавија дека тоа е неговото „вистинско“ враќање на родниот континент. Родната Аргентина ќе ја посети дури догодина.

Папата отиде во познатиот по насилствата затвор Палмасола – место кое практично е град со свои сопствени закони. Во Еквадор тој им даде утеха на стари пациенти во болница и посети болни деца.

Во Асунсион, престолнината на Парагвај, тој ќе влезе во еден од најсиромашните квартови во земјата – Банадо норте, каде често се случуваат поплави.

За своја прва европска посета надвор од Италија, тој ја избра Албанија, а не некоја од политичките или економските сили на Стариот континент. Така и овој пат, неговиот избор е израз на неговата загриженост за луѓето и за земјите од периферијата.

– Тој сака да покаже дека проблемите можат да се видат појасно од периферијата, отколку од центарот, рече близок советник до папата, кој побара анонимност. – Тој ги избра државите во Јужна Америка кој преживеале во најголема сиромаштија, нееднаквости и тешкотии, но кои сега се земји во развој од периферијата на континентот, со впечатлив темпо на развој и модернизација во последниве години, рече советникот.

Иако Франциско ќе направи некои преправки во неговата енциклика – писмото од папата кон луѓето од целиот свет, според официјални извори во Ватикан, најверојатно ќе ја задржи можноста да го заштити документот за време на неговата посета на САД во септември, кои се најкритикувани и од чуварите на природата.

„Повикот на сиромашните“

Во својата енциклика, Франциско побара брзи мерки за спасување на планетата од еколошката катастрофа и ги повика светските лидери га го чујат „крикот на Земјата и повикот на сиромашните“, кои според неговите зборови се најзасегнати од климатските промени.

Еквадор, каде тој престојуваше во неделата, зависи многу од нафтата и рудите, но истовремено се гордее со најголемиот биодиверзитет на светот, вклучвајќи ги и островите Галапагос, врз основа на што Чарлс Дарвин ги формулираше своите сфаќања за еволуцијата.

Левичарската влада на претседателот Рафаел Кореа, која воведе мерки за строга економија по сериозниот пад на цените на нафтата, поддржа комплициран баланс помеѓу бизнисот и чувањето на природната средина.

– Тој нема да зборува против еквадорската нафта и боливискот гас, изјави неговиот советник и укажа дека во енцикликата се признава потребата од преоден период во кој фосилните горива треба да бидат исфрлени од употреба и заменети со обновлива енергија.

Папата на голема надморска височина

Во Боливија, Франциско разговараше со претседателот Ево Моралес – еден од најистакнатите претставници на блокот социјалистички и антиамерикански настроени лидери во Јужна Америка, кој доби широка поддршка со доближување до народот, со својата отвореност и со разумно трошење на средствата кои ги носат богатите наоѓалишта на природен гас за намалување на сиромаштијата.

Кај 55-годишниот Моралес, кој во 2006 годин стана првиот шеф на државата Боливија од индијанско потекло, економијата надмина пет проценти раст на годишно ниво. Истовремено, тој продаде клучни економски сектори, како што се нафтениот и гасовиот, за да ги финаисира социјалните програми и изградбата на нови патишта и училишта. Но, сепак секој петти Боливиец и денес живее во крајна сиромаштија.

Франциско остане само околу четири часа во боливиската престолнина Ла Паз, а потоа ќе го мине остатокот од неговата дводневна посета на Боливија во Санта Круз – едно од најбрзорастечките градови во земјата.

Аеродромот во Ел Алто, блиску до Ла Паз, се наоѓа на повеќе од четири илјади метри надморска височина. Престолнината е расположена нешто пониско – на 3650 метри.

Според Ватикан, Франциско самиот ќе реши дали ќе проба лист од дрвото кока, како што го прават тоа многу од локалните жители, за да се справи со висинската болест кога таму ќе пристигне.

Парагвај, земјата без излез на море, е позната во светот заради криминалот и незаконското финансирање. Според Индексот за следење на корупцијата на невладината организација Транспаренси интернешенел, земјата е втората најкорумпирана држава во Јужна Америка, по Венецуела.

Додека е таму, Франциско ќе се сретне со неколку организации на невладини активисти.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска