Јужна Кореја усвои нов закон за ограничување на епидемијата од МЕРС

Од:

Јужна Кореја усвои нов закон што има за цел да ја ограничи епидемијата од Блискоисточниот респираторен синдром (МЕРС) – најшироко распространената епидемија надвор од Саудиска Арабија.

Сеул планира да ги засили мерките за карантин и на прекршителите им се заканува со затвор, пренесоа француските медиуми.

Јужнокорејското Министерство за здравство денеска информира за два нови смртни случаи, со што бројот на жртвите од овој коронавирус во земјата достигна 31.

Во двата најнови случаи жртви се две жени на 79 и на 80-годишна вораст, кои имале и други здравствени проблеми, прецизира Министерството за здравство.

Законот, што беше донесен вчера од Парламентот, предвидува парична казна или затвор за секој инфициран од МЕРС кој ќе ги доведе до заблуда санитарните власти за изворот на заразувањето.

Лажното сведочење ќе се казнува со двегодишна казна затвор или парична казна со 20 милиони вони (16.000 евра).

Слободата на движење на болните ќе се ограничи; санитарните власти ќе можат да ги затвораат заразените згради. Кој ќе се спротивстави на овие мерки, ризикува судот да му ги изрече истите казни.

Јужнокорејските власти беа изложени на жестоки критики затоа што навреме не го спречи ширењето на вирусот, посочуваат француските медиуми.

Бројот на вработените во здравствената служба надлежна за спречување и следење на епидемијата, двојно ќе се зголеми и ќе изнесува над 60 лица.

Вирусот на МЕРС првпат беше идентификуван во Саудиска Арабија во 2012 година. Од него досега во Јужна Кореја се имаат заразено 181 лице, 31 се веќе починати, 81 оздравеле, а 69 се уште се на лекување. Под карантин се ставени 2.931 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се запали авион на писта во Јужна Кореја – евакуирани се 169 патници

А1он

Покренато обвинение против суспендираниот јужнокорејски претседател Јун Сук-Јол

А1он

Претседателот на Јужна Кореја официјално уапсен: 20 дена притвор

Птичји пердуви и крв пронајдени во моторите на авионот што се урна во Јужна Кореја

ВИДЕО: Уапсен отповиканиот јужнокорејски претседател

Катерина Ѓуровски

Нова полициска акција за приведување на Јун Сук-Јол

Горан Наумовски